Овој викенд на пакетака во Демир Капија се одржа Државното Сениорско Првенство на Македонија на кајак на диви води каде што нашите натпреварувачи постигнаа одлични резултати.
Кајак Клуб Бабуна од Велес и оваа година ја потврди доминацијата во сениорска конкуренција и стана Државен Сениорски Првак на Македонија за 2021 година.
Во дисциплината К1-Мажи нашиот најдобар натпреварувач Мирчевски Борче го завзема 2 (Второ) Место, додека пак Игнатов Христијан заврши на 4 (Четврто) Место и на 6(шесто) место се пласираше Игнатов Коце.
Во дисциплината 3 х К-1 Мажи нашите најдобри кајакари Мирчевски Борче – Игнатов Христијан – Игнатов Коце се пласираа на 1(Првото) место.
Во Дисциплината Ц-1 Мажи на 1(првото) место се пласираше Роберт Папазов од Кајакарскиот Клуб Бабуна 2(второ) пласиран беше Христијан Игнатов исто од Кајак Клуб Бабуна и на третата позиција се најде Александар Дамјанов од Кајак Клуб Бабуна.
Во дисциплината К-1 Жени нашата натпреварувачка Димова Ангела го освои 2(Место).
Во екипен пласман Кајак Клуб Бабуна – Велес го освои Првото место, Второ пласирани беа ККК.Вардар – Велес, додека пак Трето пласирани беа ККК.Просек – Демир Капија и Четврто Пласирани беа ККК.Гемиџии 903 – Велес.
Исто така овој викенд на истата патека се одржа и Отвореното Првенство на Демир Капија каде што повторно доминираше Кајак Клуб Бабуна од Велес.
Во Категоријата К-1 Мажи Сениори Борче Мирчевски го освои 3 (Место), Христијан Игнатов го освои 5 (Место) и Коце Игнатов го освои 9 (Место).
Во Категоријата К-1 Мажи Пионери 1(Прво) пласиран беше нашиот најдобар млад натпреварувач Кристијан Смилев, а на петата позиција се најде Марко Варналиев.
Во Дисциплината К-1 Жени Јуниорки Димова Ангела го освои 2(Место).
Во Дисциплината Ц-1 Мажи Сениорско на 1(првото) место се пласираше Роберт Папазов 2(второ) пласиран беше Христијан Игнатов и на третата позиција се најде Александар Дамјанов.