55-ти Меѓународен илинденски кајак Слалом IKAS 2024

Денес, на меѓународниот илинденски кајак слалом – ИКАС 2024 во Македонија кој воедно беше и прв изборен натпревар за состав на репрезентацијата во јуниори и сениори, нашите кајакари Борче Мирчевски, Кристијан Смилев и Марко Варналиев воодушевија со своите извонредни перформанси. Со неверојатната своја способност и напорот кој го вложија, тие оставија длабок впечаток на публиката и конкуренцијата.

borce mircevski
borce mircevski

Со гордост можеме да споделиме дека нашите кајакари постигнаа одлични резултати, претставувајќи го најдоброто од македонското кајакарство. Со оваа натпреварување, се потврдува нашиот спортски потенцијал и се забележува дека македонските спортисти се спремни да ја освојат големата сцена.

Kristijan Smilev
Kristijan Smilev

Овие впечатливи резултати на нашите кајакари се својствени на нивната посветеност, тренинг и талент, и ни даваат увереност дека иднината на македонското кајакарство е светла и успешна. Среќни сме што имаме такви вистински шампиони кои не претставуваат на највисоките нивоа.

икас 2024
икас 2024

Со освоеното  5 место – Борче Мирчевски , 7 место – Кристијан Смилев  и 21 место – Марко Варналиев сите тројца изборија пласман во утрешното полуфинале и воедно обезбедија норма за влез во Македонската репрезентација.

Marko Varnaliev
Marko Varnaliev

На нашите кајакари им посакуваме уште подобар пласман на утрешниот натпревар! 🏆🚣‍♂️

Спортски поздрав

 

#МакедонијаСпорт